Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Скопје (21.01.2010)

На 20 јануари, кога Светата  Црква го празнува Соборот на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован,  Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи  Божествена Литургија  во храмот на св. Јован Крстител, во Скопје. На почетокот од  Божествената  Литургија,  Архиепископот г.г. Стефан го произведе во чтец, дипломираниот богослов Игор Наковски, а потоа на Божествената Литургија  го ракоположи во ѓаконски чин .На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

     

 

      

 

     

 

     

 

     

 

Известува: Калина Трпеска