Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Брегалничката епархија (19.01.2010)

На ден 19. 01. 2010 година на денот на Крштевањето на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во сите храмови во Брегалничката епрхија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм Св. Николај во Штип каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештениците при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот верен народ, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од педесетината, крстот го фати Гоце Калафов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и Свето Писмо - Библија, а Општината Штип му подари компјутер. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во резиденцијата на Исарот, имаше свечен ручек со Градоначалникот на Општина Штип г. Зоранчо Алексов, Пратеникот во Собранието на Р. Македонија г. Влатко Ѓорчев, Заменик Министерот за Економија г. Методија Хаџи - Васков, Директорот на ЈП Исар г. Васе Арсов,  Советникот во Собранието на Општина Штип и Директор на ЈП Штип-Проект г. Љупче Здравков, Директорот на Општинскиот Затвор г. Трајче Димков и Советникот во Собранието на Општина Штип и Директор на ТВ Ирис г. Војо Маневски.

 

      

 

      

 

       

 

       

 

      

 

     

 

       

 

     

 

     

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов