Литургија во Конче - Радовиш на празникот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан (11.01.2010)

На ден 09. 01. 2010 година, на празникот Св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот Свети архиѓакон и првомаченик Стефан во Конче - Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и потоа имаше работен прием кај Градоначалникот на Општина Конче г. Стојанче Лазаров каде беа разгледани проекти за ревитализација на манастирот и конаците при манастирот кој е изградена во 1354 година.




Известува: протоѓакон Саше Ристов