Архиерејска Литургија и ракополагање на ѓакон во Кочани на празникот собор на пр. Богородица (08.01.2010)

На ден 08. 01. 2010 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата посветена на Св. вмч. Георгиј во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво.
На почетокот од Светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец, пејачот при храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани, Кирил Стојанов од Кочани и истотака го произведе во ипоѓакон, дипломираниот богослов чтец Орце Захариев од Оризари - Кочани, а на светата литургија истиот го ракоположи во ѓаконски чин.
На светата литургија присуствуваа голем број верници како и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски.
На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, се обрати кон присутниот верен народ со пригодно слово, честитајќи им го Големиот Празник - Божик со поздравот Мир Божји - Христос се роди.








Известува: протоѓакон Саше Ристов