Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божик во Штип (07.01.2010)

На ден 07.01.2010 година, кога Православнат Црква го празнува Рожденството Христово - Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Божикна Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Николај во Штип. Пред светата литургија, Митроплитот г. Иларион, го произведе во ипоѓакон чтецот Сојанчо Јанев од Подлог - Кочани, а на светата литургија го ракоположи во ѓаконски чин. На светата литургија присуствуваше многуилјаден православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоранчо Алексов и други личности од јавниот и приватниот сектор.

На светата литургија Митрополитот Брегалнички г Иларион им го честита големиот Празник на верниците со пораката:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

 

         

 

        

 

         

 

        

 

         

 

       

 

       

 

                                   

Известува: протоѓакон Саше Ристов