На Свети Наум во Лесновскиот манастир (05.01.2010)

На 05. 01. 2010 година, на Празникот на Преподобниот Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската Обилет отец Дамаскин и браќата при манастирот, во параклисот при Лесновскиот манастирски комлекс, отсужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец дипломираниот богослов Стојанчо Јанев од Подлог - Кочани.
На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодно празнично слово, го причести православниот верен народ и го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион традиционално изврши помен на Блажено-починатиот епископ Велички Гаврил - Светогорец.







Известува: протоѓакон Саше Ристов