Архиерејска Литургија и ракополагање во свештенички чин во Кочани (09.12.2009)

На 09. 12. 2009 година, преп. Алимпиј Столпник; св. вмч. Георгиј (посен); св. Стилијан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија во храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани.
На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го ракоположи парохискиот ѓакон Лазар Коцев од Кочани во свештенички чин, што по заклетвата, Митрополитот г. Иларион одржа поучна беседа за големиот позив на свештеникот и му укажа на новоракоположениот што добива и што прима, како треба свештеникот да се грижи за довереното му патство, како треба да го пази и чува своето стадо за што треба да одговара на Страшниот Суд Христов за себе и за своите доверени чеда.
На карајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно празнично слово и откако го причести многубројниот православен народ Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач.








Известува: протоѓакон Саше Ристов