Архиерејска Литургија во Лесново (06.12.2009)

На 06. 12. 2009 година (26 – та Недела по Педесетница; Св. Амфилохиј Иконски; прен. мошт. св. Александар Невски), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново, во сослужение на Игуменот на манастирот отец Дамаскин со братството. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа и го причести верниот народ со Телото и Крвта Христови.




Известува: ѓакон Саше Ристов