Пречиста во штипско Ново Село (04.12.2009)

На 04. 12. 2009 година кога Православната Црква го празнува денот на Воведението на Пресвета Богородица - Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот Св. Богородица во Штипско Ново Село.
На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион кон присутниот народ одржа пригодно слово и го причести многубројниот народ.






Известува: протоѓакон Саше Ристов