Петковден во Делчево (27.10.2009)

На ден 27. 10. 2009 година, кога Православната Црква го празнува денот на Преподобна Параскева, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештениците од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, а во присуство на многубројен народ од Делчево и пошироко, отслужи света архиерејска Литургија во храмот “Св. Богородица” во Делчево. На Света Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец теологот Виктор Крстевски од Делчево.
На крајот од светата Литургија Митрополитот произнесе пригодно слово за животот и делото на препоробна Параскева.
Истиот ден Митрополитот г. Иларион изврши канонска визитација на црквата во изградба “Св. Кирил и Методи” во Делчево и на црквта која се реновира “Св. вмч. Ѓорѓи” во село Град – Делчево и даде напатсвија за понатомшната изградба на двете цркви.





Известува: протоѓакон Саше Ристов