Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Литургија во параклисот на Покров На Пресвета Богородица – Злетово (14.10.2009)

На 14. 10. 2009 година, две години од осветувањето на параклисот на Покров на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во комплексот на манастирот на Свети Спиридон – метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион благоволи да принесе благодарна жртва, во сослужение на игуменот на манастирот отец Дамаскин и свештенослужители од Брегалничката епархија.  На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

По беседата Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач, по што сите верници, заедно со духовниот татко Митрополитот г. Иларион, се упатија на трпеза на љубовта подготвена од сестринството при манастирот.

 

     

 

      

 

                            

 

        

 

Изваестува: протоѓакон Саше Ристов