Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија и камен-темелник за изградба на нова црква во Кочани (11.10.2009)

На 11. 10. 2009 година, Осумнаесета Недела по Педесетница, преп. Харитон Исповедник; св. пр. Варух и државнот празник - ден на востанието на РМ, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерејска литургија во храмот посветен на Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани. На крајот од светата лиургија Митрополитот г. Иларион оджа пригодана беседа и ги причести православните верници со телото и крвта Господови.

По светата литургија Митрополитот г. Иларион зедно со Министерот за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство г. Љупчо Димовски и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски присуствуваше на свеченоста по повод отпочнувањето на оризната жетва на традиционален начин во с. Долни Подлог - Кочани.

Во 13 часот Мирополитот Брегалнички г. Иларион, зедно со свештонослужителите, освети и постави камен-темилник за изградба на нова црква во населбата Драчевик во Кочани посветена на Светото Благовештение, по што и одржа пригодна беседа.

 

             

 

             

 

             

 

             

 

              

 

              

 

                              

 

            

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов