Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Литургија на празникот Раѓање на Пресвета Богородица во Ново Село - Штип (21.09.2009)

На 21. 09. 2009 година на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, во храмот посветен на Нашата Мајка Богородица во Штипско Ново Село, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на повеќе свештенослужители од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија, на која се обрати кон верниот православен народ со пригодна беседа за животот и делото на Нашата Мајка Пресвета Богородица. На Светата Архиерјска Литургија присуствуваа голем број православни верници од Штип и Штипско како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоранчо Алексов, Советникот во Собранието на Општина Штип и Директор на ТВ Ирис - Штип г. Војо Маневски и Директорот на Општинскиот Затвор во Штип г. Трајче Димков. Непрестајно низ текот на целиот ден верниците непрестајно доваѓаа да се поклонат и помолат на Мајката Божја.

 

        

 

       

 

       

 

        

 

       

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов