Осветен споменикот со ликот на Свети Николај во Свети Николе (14.09.2009)
На 14. 09. 2009 година, по покана на Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Ѓоргиев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, присуствуваше на прославата по повод 65 години од Ослободувањето на Градот Свети Николе. Најпрвин беше пречекан и примен од Градоначалникот на Општина Свети Николе заедно со претходните Градоначалници на Општината Свети Николе, а потоа присуствуваше на Свечената Седница по повод прославата на која беа присутни Градоначалници од околните Општини како и Градоначалници од Р. Србија и Р. Бугарија и Пратеникот во Собранието на Р. Македонија г. Влатко Ѓорчев. После Свечената Седница, а во рамките на прославата, Митрополитот г. Иларион ја пушти во употреба канцеларијата за едношалтерски систем при зградата на Општината. По ова Митрополитот г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, во центарот на Свети Николе ја освети статуата со ликот на Светиот Николај Чудотворец Мирликински, по што и одржа пригодна беседа. 



Известува: протоѓакон Саше Ристов