Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен новоизградениот храм во с. Драгобраште - Виничко (13.09.2009)

На 13. 09. 2009 година, 14 - та Недела по Педесетница - Полож. Појас на Пр. Богородица; св. Кипријан Картагински, се изврши чинот осветување на новоизградениот храм во с. Драгобраште - Виница, посветен на Светото Вознесение Христово. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво а во присуство на многу православен верен народ.

По осветувањето беше отслужена Света Архиерејска Литургија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што се заблагодари на сите кои се вградија во изградбата на овој свет храм при што им додели благодарници - пофалници.

 

 

         

 

        

 

         

 

         

 

         

 

         

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов