Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Штип (09.09.2009)

На 09. 09. 2009 година, преп. Пимен Велики и Св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од штипското архиерејско намесништво. На Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодно слово и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Свети Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители. Соборниот храм “Св. Николај” во Штип беше претесен за да ги собере своите најмали и најмили верници.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион иаврши помен за покој на душата на мајката на Свети Фануриј.

 

      

 

       

 

       

 

        

 

         

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов