Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен нова манастирска црква на Oсоговските планини - Пониква - Кочани (30.08.2009)

На 30. 08. 2009 година, во 12-та Недела по Педесетница; Св. мч. Мирон; св. мч. Патрокло; Поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештенослужители од Брегалничката епархија, го изврши чинот осветување на новоизградената манастирска црква која се наоѓа на врвот на Осоговската планина Пониква, посветен на Свети Василиј Велики.

На крајот од Светата Архиерејска Литургија Пригодна беседа одража Митрополитот Повардарски г. Агатангел заблагодарувајќи им се на сите ктитори и градители на овој свет манастир, сеќавајќи се на почетоците околу изградбата на овој свет манастир како тогашен Митрополит Брегалнички.

Неговото Блаженство Архиепископот  Охридски и Македонски г. г. Стефан исто така одража пригодно слово во кое рече дека се радува што на овие прексрасни Осоговски Планини, кои се рекреатвивен центар во Источниот дел на Р. Македонија, е изграден овој прекрасен бисер на Македонската Православна Црква.

 После словото на Поглаварот, Надлежниот Епархиски Архиереј Митрополитот Брегалнички г. Иларион Им се заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот  Охридски и Македонски г. г. Стефан и Митрополитот Повардарски г. Агатангел за учеството И осветувањето на манастирот и им подели благодарници и пофалници на сите дарители кои помогнаа во изградбата на храмот, како и на Иницијативниот Одбор за изградба на овој свет манастир, кој се состои од група другари - сопственици на фирми, чија што заслуга е најголема да денес на овој ден сите да се радуваме за иградбата на овој свет велелепен манастир.

 

      

 

      

 

       

 

       

 

      

 

       

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов