Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерјски служуба на Успение на Пресвета Богородица во М. Каменица и камен темелник за камбанарија (28.08.2009)

На 28. 08. 2009 година - Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Македонска Каменица. На крајот од Светата Литургија Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа пригодна беседа по што Надлежниот Митрополит г. Иларион Му се заблагодари за отслужената Света Архиерјска Литургија и Неговото присуство во Богомдарованата епархија, односно во М. Каменица.

По ова Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваа на Свечената Седница во Општината на Македонска Каменица одржана во чест на тројниот Празник т.е. храмовата слава, празникот на рударите и празникот на Градот при што ги поздрави Градоначалникот на Општина Каменица г. Дарко Митевски и Заменик Министерот за Економија г. Методија Хаџи - Васков.

По Свечената Седница Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и Митрополитот г. Иларион, а во присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, освети и постави камен-темелник за изградба на камбанарија при Градскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. После камен - темелникот Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, Митрополитот г. Иларион и Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов го посетија Културнот Дом КИЦ Романса при М. Каменица.

 

                             

 

         

 

          

 

          

 

          

 

         

 

        

Известува: протоѓакон Саше Ристов