На “Кочанска река” како на “Јордан” (22.08.2009)

На 22. 08. 2009 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во водите на “Кочанска река” во Кочани, ја изврши светата тајна миропомазание и крштение над 14 огласени – некрстени чеда на возраст од 5 до 57 години, од кои поголем број беа од ромска националност.
По крштевањето Митрополитот Иларион имаше работна средба со Градоначалникот на Општина Кочани – г. Ратко Димитров со свои соработници, при што беа разгледани тековни работи за изградбата на црквата “Свето Преображение” во Кочани, како и активностите околу утврдување на нова локација за изградба на друга црква во Кочани во западниот дел, која ќе биде посветена на Благовештение на Пресвета Богородица, на која камен темелникот ќе биде осветен и поставен на 11. 10. 2009 година.





Известува: протоѓакон Саше Ристов