Свети Спасо Радовишки – патрон и заштитник на Радовиш (21.08.2009)

На 21. 08. 2009 година, на празникот на “Свети Спасо Радовишки” – Патрон и заштитник на градот Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија богослужеше света божествена литургија во храмот “Света Троица” во Радовиш.
По светата литургија Митрополитот Иларион отслужи молебен по повод почетокот на новата учебна година.
Истиот ден Митрополитот Иларион присуствуваше на свечената седница на Советот на Општина Радовиш, на која, по предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше донесена одлука со која свети Спасо Радовишки е прогласен за заштитник, односно покровител на Општината, а на самата свечена седница Митрополитот имаше и свое обраќање до присутните.
По свечената седница, Митрополитот ја предводеше свечената литија до градскиот плоштад, каде изврши осветување на плоштадот, го благослови и прекрши празничниот леб, ги поздрави присутните и присуствуваше на културно-уметничката програма, организирана од Општината.








Известува: протоѓакон Саше Ристов