Архиерејска Литургија во Штип на празникот Преображение Христово (20.08.2009)

На ден 19. 08. 2009 година, кога Светата Православна Црква го прославува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм “Св. Никола” во Штип. На Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион пред многубројниот народ произнесе пригодна беседа за постот и Светата тајна причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благослови новиот лозов плод. На Литургијата над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.



Известува: протоѓакон Саше Ристов