Илинден во Македонска Каменица (03.08.2009)

На ден 02. 08. 2009 година на црковно - националниот празник Св. пр. Илија - Илинден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион служеше и принесе благодарствена Жртва во храмот Св. пр. Илија во Македонска Каменица. По Светата Литургија, пред многубројниот народ, Митрополитот г. Иларион ја произнесе Празничната посланица од САС на МПЦ и го благослови и пресече славкиот колач и изврши помен на сите загинати борици за слободата на Р. Македонија, пред Илиндското, за време на Илинденското и по Илинденското Востание.
Покрај многубројните православни верници од М. Каменица и околните села на светата архиерјска литургија присуствуваше и Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски.




Известува: протоѓакон Саше Ристов