Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во манастирот Св. Спиридон Чудотворец - метох на Лесновскиот манастир (21.07.2009)

На 21. 07. 2009 година Св. вмч. Прокопиј; преп. Теофил Мироточив Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Игуменот отец Дамаскин со браќата при Лесновската обител и свештеници од Пробиштип и Злетово, отслужи Света Архиерејска Литургија. Во пригодното слово Митрополито г. Иларион им се заблагодори на сите кои го помогнаа ова свето дело и точно пред две години на овој ден се освети овој свет манастир и постана дом за молитва за целиот православен народ. Митрополитот, во продолжение на својата беседата, на верниците им го објасни и животот и делото на светиот Прокопиј и преподобниот Теофил Мироточив - Македонец. По светата литургија Митрополитот г. Иларион го благослови и прекрши празничниот леб и со своите верни чеда се упатија на трпезата на љубовта, приредена од сестринството при манастирот.

 

 

                                 

 

              

 

              

 

               

 

              

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов