Павловден - патрон на градот Виница (17.07.2009)

На 13. 07. 2009 година Собор на 12 Апостоли - Павловден, патрон на градот Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот Свети Архангел Михаил во Виница отслужи Света Литургија и произнесе пригодна беседа, честитајќи им го патронот на Виничани.
По светата литургија, Митрополитот г. Иларион, присуствуваше на Свечената Седница, во Собранието на Општина Виница, по повод Парониот Празник - Павловден на Општина Виница. По ова Митрополитот г. Иларион заедно со Градоначалникот на Општина Виница го посети споменикот на загинатиот борец, Кирчо Димитров, од конфликтот во 2001 година и ја пуштија во употреба канцеларијата во Општината зграда за лицата со посебни потреби.
По пуштањето на канцеларијата, Митрополитот г. Иларион освети и постави камен-темилник, на Градскиот Плоштад на Општина Виница, за изградба на Параклис, посветен на Св. Ап. Павле, по што Митрополитот г. Иларион им порача на вернот народ да биде тврд во верата како што е св. ап. Петар а да ја познаваат верата како св. ап. Павле и такви и со вакви зданија како што ќе се изгради овој параклис токму на Градскиот Полоштад ќе ги познаат дека се Христови ученици и ќе ја зачуваат Нашта Татковина Р. Македонија и Нашата Македоска Афтокефална Православна Црква.
По ова, Митрополитот г. Иларион зедно со Градоначалникот на Општина Виница, ја открија спомен плочата - теракота со името Винијан по името на Градот Виница, пронајдена од 4 - век при архиелошко ископување на Виничкото кале во Виница.
На овие свечености, покрај домаќинот на Општина Виница, Градоначалникот Емил Дончев, присуствуваа и Градоначалниците од околните Општини, како и голем број верници.






Известува: протоѓакон Саше Ристов