Втор ден Духовден во Радовиш (10.06.2009)

На 08. 06. 2009 година - втор ден Духовден; св. ап. Карп и Алфеј; св. новомч. Александар Солун., Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на Светата Троица во Радовиш, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија. Пред светата литургија, Митрополитот г. Иларион, дипломираниот богослов Ристе Кукутанов од Радовиш го произведе во чин чтец.
На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече славскиот колач. На светата литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и ктиторот на овој свет храм г. Ристо Гуштеров и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков.





Известува: протоѓакон Саше Ристов