Архиерејска Литургија во Пробиштип (18.05.2009)

На 17. 05. 2009 година, во петтата недела за Самарјанката, кога се празнува преподобна маченичка Пелагија и светиот свештеномаченик Силуан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на парохиските свештеници од Пробиштип, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип. На карајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово.




Известува: протоѓакон Саше Ристов