Vesti i nastani
 
 
 
 
 

106 години од загинувањето на Гоце Делчев (06.05.2009)

Со панихида со која началставуваше Aрхиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан, Митрополит г. Горазд и свештеници од Скопската епархија денеска во црквата Св. Спас пред саркофагот на Гоце Делчев беа одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба.

Цвеќе на неговиот гроб положија новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, делегации од Собранието, од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, од Армијата на Република Македонија, Сојузот на борците, од Скопскиот и Штипскиот универзитет, МАНУ, Институтот за национална историја, Друштвото на писателите на Македонија, претставници на политички партии, општини, образовни и културни установи, здруженија што го носат името „Гоце Делчев“.

 

                                             

 

              

 

Извор: МИА