Воскресение - трет ден во Радовиш (21.04.2009)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово - Трет ден (21. 04. 2009 година) отслужи света воскресенска литургија во храмот Света Троица во Радовиш, На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодно слово и го поздрави старо-новоизбраниот Градоначалник на Општина Радовиш г. Роберт Велков, кој присуствуваше на светата литургија заедно со Пратеникот во Собранието на Р. Македонија г. Томе Даневски, и посака уште подобро да продолжи соработката помеѓу Македонската Православна Црква и Општината Радовиш за општо добро на сите луѓе во градот Радовиш.






Известува: протоѓакон Саше Ристов