Воскресение - втор ден во Кочани (20.04.2009)

Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово - Вториот ден (20.04.2009 година), отслужи света воскресенска литургија во храмот посветен на Светиот великомаченик Ѓорѓи во Кочани. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и на своите верни духовни чеда им го честита Празникот над Празниците - Воскресението Христово. На светата литургија беше присутен и новоизбраниот Градоначалник на Општина Кочани г. Ратко Димитров, при што Митрополитот г. Иларион, во своето слово, го поздрави новиот Градоначалник и посака уште повеќе да продолжи меѓусебната соработка помеѓу Светата Македонска Православна Црква и Општината Кочани за општото добро на сите граѓани на Општина Кочани.




Известува: протоѓакон Саше Ристов