Воскресение Христово во Штип (19.04.2009)

Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН, во соборниот храм Свети Николај, каде што богослужеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
На полноноќ Митрополитот Брегалнички г. Иларион од платото пред соборниот храм Св. Николај во Штип на Своите верни чеда им го честита Најголемиот Христијански Празник со торжествениот поздрав:
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
По што се упати во храмот да отслужи Света Воскресенска Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, свештеникот Станимир Стаменков од Штип го произведе во протојерејски чин, одража пригодно слово и ги причести православните верници.








Известува: протоѓакон Саше Ристов