Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велики Четврток во Штип (17.04.2009)

Во соборниот храм на Свети Николај во Штип на Велики Четврток чествувањата започнаа во 18 часот, со читање на 12-те страдални Евангелија. По петтото евангелие, Митрополитот Брегалнички г. Иларион го изнесе светото Распјатие, пред кое сите се поклонија. На крајот од службата, Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово за неправедното Христово Распнување, но не изостави да спомене за страдањето на Македонската Православна Црква и православниот народ Божји кој што неправедно му се скрати правото и слободата за изучување на веронауката, велејќи дека повторно Црквата неправедно се распнува како што и Христос неправедно Го распнаа.

 

                                     

 

                 

 

                

 

               

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов