Цветници во Виница (13.04.2009)

На 12. 04. 2009 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Божествена Литургија во храмот на свети Архангел Михаил во Виница, во присуство на голем број верници и во сослужение на повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.
На Светата Литургија присуствуваше и новоизбраниот Градоначалник на Општина Виница г. Емил Дончев, на кого Надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Брегалнички г. Иларион, му го честита изборот, од името на свештенството и верниот народ на Општина Виница, поскувајќи му многу здравје, љубов и грижа кон сите луѓе и зедничка соработка помеѓу Црквата и Општината за доброто на Нашиот Православен Народ.




Известува: протоѓакон Саше Ристов