Акатист во храмот посветен на Пресвета Богородица во штипско Ново Село (28.03.2009)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во Третата недела од Великиот пост, на 27. 03. 2009 година, во храмот посветен на Мајката Божја - Пресвета Богородица во штипско Ново Село, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на повеќе свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво. На крајот од малото повечерие и канонот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион исполнет со радост од прекасноста и убавината на храмот, после реновирањето на внатрешниот дел од храмот, произнесе пригодно слово за заштитата на луѓето од Мајката Божја која е Заштитничка на сите луѓе и која постојано треба да Ја молиме и коленото на срцето да го приклониме за Господ Исус Христос да ги услиша Нејзините молитви за нас луѓето.





Известува: протоѓакон Саше Ристов