Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Акатист кон Пресвета Богородица во црквата на Света Петка во Скопје (23.03.2009)

Во третата недела од Великиот пост, на 20 март 2009 година, во храмот на света Петка во Скопје, пред чудотворната икона на Пресвета Богородица, во присуство на Поглаварот на Македонската Православна Црква Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан беше отслужено мало повечерие со канон и акатист кон Мајката Божја. На богослужбата присуствуваше мноштво верен народ.

 

      

 

       

 

        

 

Известува: Калина Трпеска