Недела на Православието во Штип (09.03.2009)

На ден 08. 03. 2009 година (1 - ва Недела од Великиот Пост; Недела на Православието;Св. Поликарп еп. Смирнски;св. Горгонија) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во соборниот храм на свети Николај во Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. Митрополитот г. Иларион во своето празнизнчно пригодно слово укажа на православно живеење на луѓето, чистотата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и учењето на Светите Отци и повика на единство на луѓето, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитот г. Иларион, заедно со свештенослужителите, празнично изнесоа икони пред олтарот при што се испеја тропарот на Неделата на Православието и големо славословие и православните верници се поклонија и ги целиваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите Икони во употреба. По завршувањето на Светата Архиерејска Литургија, Митрополитот г. Иларион, во седиштето на Митрополијата, приреди трпеза на љубовта.






Известува: протоѓакон Саше Ристов