Тодорова сабота во Злетово (07.03.2009)

На 07. 02. 2009 година, Тодорова Сабота; Св. мч-ци во Евгенија; св. Папиј Ераполски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на игуменот на Лесновската обител, отец Дамаскин, парохискиот свештеник во Злетово, протоерејот Влатко Мајсторовски и протоѓаконот Дени Насков, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Злетово, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го причести православниот верен народ.




Известува: протоѓакон Саше Ристов