Сретение Господово во Свети Николе (15.02.2009)

На 15. 02. 2009 година - Сретени Господово; Недела за блудниот син, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во црквата Свети Николај во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија и произнесе пригодна беседа за прославувањето на Празникот, и исто така не изостави а да не спомене за насушната потреба од веронауката во училиштата како и за противниците на ова битна и многу важна наука за младите, кои се развиваат во христијански и морален живот, за да тој живот, поучен во веронауката, направи добри граѓани и здрави личности на Татковината и Светата Црква.




Известува: протоѓакон Саше Ристов