Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Виница (14.02.2009)

На 14. 02. 2009 година, на претпразнество на Сретение; свети маченик Трифун; света маченичка Перпетуа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата на свети Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа за празникот и напомена дека насушна потреба е веронауката во училиштата бидејќи без веронаука во училиштата ќе немаме добра иднина без добра младина, истотака велејќи дека ова што го прават некои поединци против веронаука тие не и мислат добро на татковината и младината. По отпустот, Митополитот г. Иларион, направи мал водосвет и ги благослови и закрои лозовите насади.

 

            

 

            

 

          

 

           

Известува: протоѓакон Саше Ристов