Архиерејска Литургија во Штип (12.02.2009)

На 12. 02. 2009 година, кога Православната Црква го празнува празникот на светите Три Ерарси: свети Василије Велики, свети Григорије Богослов и свети Јован Златоуст, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм на свети Николај во Штип. На карајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово за улогата во Црквата на овие Три Ерарси.




Известува: протоѓакон Саше Ристов