Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Скопје (02.02.2009)

На празникот на свети Атанасиј Велики, Архиепископ Александриски, пред една година, беше осветена обновената соборна црква во Скопје посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица. Во саботата, во чест и слава на свети Атанасиј Велики, како и на годишнината од осветувањето, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе свештенослужители од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

На ктиторите на овој свет храм, семејството Костовски, Архиепископот г.г. Стефан им се  заблагодари посакувајќи им Господ Бог да ги награди за нивниот дар, кој пред сѐ е сведоштво на верата.

 

           

 

         

Известува: Калина Трпеска