Празникот на свети Атанасиј Велики во Оризари - Кочани (31.01.2009)

Во кочанската приградска населба Оризари, во храмот Свети Атанасиј, на ден 31. 01. 2009, посветен на овој светител, Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во присуство на многубрен народ. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одржа пригодна беседа за животот и делото на свети Атанасиј Велики.
Свештеноначалниче Атанасие, ти си бил тврдина на Православието и со божествените догмати си ја утврдил Црквата. Си проповедал дека Синот е едносуштен со Отецот и си го посрамил Арија. Отче преподобен, моли Го Христа Бога да ни дарува голема милост.





Известува: протоѓакон Саше Ристов