Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Брегалничката епархија (21.01.2009)

На ден 19.01.2009 година на денот на Крштението на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан, а централната прослава се одржа во соборниот храм на свети Николај во Штип каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужените на свештениците при соборниот храм отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот верен народ, во литија се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од триесетината, крстот го фати Александар Ѓорѓиев, кого Митрополитот Иларион го дарува со златен крст со ланче и Свети Писмо – Библија, а Општината Штип му подари телевизор.

 

              

 

             

 

             

 

             

 

            

 

Известува: ѓакон Саше Ристов