Архиерејска Литургија во Радовиш (09.01.2009)

На ден 09. 01. 2009 година, на празникот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот на светиот пророк Илија во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија.
Пред Светата Литургија старешината на храмот – јереј Стојанче Илиев, од името на Црковното настојателство, на Митрополитот г. Иларион му предаде на молитвен дар архиерејски одежди, а на крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во име на Брегалничката епархија, односно на Црковното Настојателство при храмот на светиот пророк Илија во Радовиш и верниците од Радовиш, на црковниот служител Атанас Јанев му го честита 50-годишниот јубилеј од неговото работење како клисар при храмот и му подари икона со ликот на свети Атанасиј на кого и му го носи името.
Иститот ден, Митрополитот Брегалниочки г. Иларион присуствуваше на свечениот празничен ручек во архиепископската резиденција, по повод именденот на Поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Бранко Црвенковски, Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Велјановски и Премиерот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски.







Известува: ѓакон Саше Ристов