На празникот на Рождеството Христово во Скопје (07.01.2009)

Денес, на празникот на Рождеството Христово, поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на бројното свештенство од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во соборен храм на свети Климент Охридски во Скопје, на која присуствуваа и претседателот на државата г. Бранко Црвенковски, претседателот на македонското Собрание г. Трајко Вељановски, вицепремиерот г-дин Ивица Боцевски, претседателот на Комисијата за меѓурелигиски дијалог г. Звонко Муцунски, министри во Владата, членови на дипломатскиот кор и голем број верници. Божикната литургија ја проследија и евроамбасадорот Ерван Фуере и амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер. За прв пат, Македонската Православна Црква воведе симултан превод на Литургијата за лица со оштетен слух.
По Литургијата, Архиепископот г.г. Стефан во чест на празникот на Рождеството Христовo, во Архиепископијата на МПЦ ги прими Претседателот на државата г. Бранко Црвенковски, претседателот на македонското Собрание г. Трајко Вељановски, вицепремиерот г. Ивица Боцевски и претседателот на Комисијата за односи со верски заедници г. Звонко Муцунски.

