Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преосветување на црквата на Пресвета Богородица во Ново Село – Штип (29.12.2008)

На 28. 12. 2008 година, Недела на Праотците, се изврши чинот преосветување на парохиската црква “Св. Богородица” во Ново Село – Штип. Чинот на преосветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија.

Со благослов на Надлежниот Епархиски Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во почетокот на месец Октомври 2008 година се отпочна со комлетното внатрешно реновирање и уредување на храмот.

По преосветувањето беше отслужена Света Архиерејска Литургија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што им се заблагодари на сите кои помогнаа при реновирањето на овој свет храм.

 

                                          

 

                                          

 

                

 

                  

 

                 

 

                

 

Известува: ѓакон Саше Ристов