Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележан патронот на манастирот на свети Спиридон – Злетово, метох на Лесновската обител (26.12.2008)

На 25. 12. 2008 година, на празникот на Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунски, во манастирот посветен на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската Обител, во присуство на многуброен народ, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на игуменот на Лесновската Обител отец Дамаскин и повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кон присутниот верен народ, произнесе пригодно слово за животот и делото на Светиот Спиридон и го благослови и пресече славскиот леб. По оваа за присутнот народ беше организирана трпеза на љубовта во манастирската трпезарија.

 

               

 

              

 

               

 

                                 

 

                                 

 

            

 

Известува: ѓакон Саше Ристов