Чествувања во Штип и Свети Николе (19.12.2008)

На 19. 12. 2008 година на празникот на Светиот Ниолај Чудотворец - архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип, кој е патрон и заштитник на градовите Штип и Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој чиночалствуваше, заедно со Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин и повеќе свештонослужители од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија и го благословија и прекршија славскиот колач.
Истиот ден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на градскиот плоштад во Свети Николе, во присуство на Градоначалникот и Претседателот на советот на Општината и многубројен народ, го благослови и прекраши празничниот леб и на граѓаните на Свети Николе им го честита Патрониот Празник и порача Светиот Николај да го имаат како образ во исповедањето на православната вера и постојано да си ја сакаат и почитуваат својата Македонаска Православна Црква и својата Држава Р. Македонија.





