Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен и поставен камен-темелник за изградба на социјална станбена зграда во Kочани (19.12.2008)

На 17. 12. 2008 година во градот Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по претходна покана, го благослови и освети камен темелникот за изградба на нова станбена социјална зграда, финансирана од Владата на Р. Македонија. На поставувањето и осветувањето на камен темелникот присуствуваше Премиерот на Владата на Р. Македонија – г. Никола Груевски, Министерот за транспорт и врски – г. Миле Јанакиевски, пратеникот во Собранието на Р. Македонија – г. Ратко Димитровски од Кочани, како и други државници.

 

         

 

       

 

  

Известува: ѓакон Саше Ристов