Архиерејска Литургија во Делчево (04.12.2008)

На 04. 12. 2008 година кога Православната Црква го празнува денот на Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Делчево.
Митрополитот г. Иларион кон присутниот народ одржа пригодно слово и го причести многубројниот народ. По Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион ја освети административната зграда со камбанарија при храмот на Пресвета Богородица во Делчево.




Известува: ѓакон Саше Ристов