Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележана храмовата слава на црквата на свети Архангел Михаил во Виница (21.11.2008)

На 21. 11. 2008 година, кога Православната Црква го одбележва соборот на свети Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и го благослови и прекрши празничниот леб. На Светата Архиерејска Литургија пееше хорот при црквата “Св. Николај” во Свети Николе.

 

 

                  

 

                  

 

                

 

                 

 

                 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов